Соколов: Да не дозволиме да се предизвика било каков инцидент за кој сите ќе зажалиме

Од:

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов денеска на прес-конференција обвини дека СДСМ во Делчево не го почитува изборниот кодекс. Ги повика активистите и членовите на избирачките одбори да овозможат мирен и достоинствен изборен процес во Делчево.

– Не дозволувајте да се предизвика каков било инцидент за кој сите ќе зажалиме. Порачувам на сите активисти и членови на избирачките одбори да го почитуваат законот и да дозволат во Делчево да има достоинствени избори бидејќи никој нема право да ја менува волјата на граѓаните, истакна Соколов.

Тој додаде дека во неговата програма има многу проекти. Оваа програма, како што рече, е премала и има простор за многу нови проекти.

– Ова не е борба меѓу партии и идеологии, туку имаме два спротивставени кандидати кои застануваат со својот авторитет и со својот лик да ги бранат своите идеологии. Ги повикувам гласачите да излезат на 15 октомври, кој е свечен ден во Македонија и празник за секој човек и гласач. Очекувам сите да излезат достоинствено и да си го остварат своето право и за неколку секунди тие ќе ја одредат својата судбина за наредните четири години, порача Соколов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ