Сојузот на турски НВО со осуда за протестите во Турција

Од:

Сојузот на турски невладини организации на Македонија изрази незадоволство и жалење во врска со последните настани кои се случуваат во Република Турција, во кои, како што наведуваат, под мотото „Гези Парк“ неколку маргинални групи одржуваат протести. Тие изразуваат поддршка за турската држава и актуелниот премир Реџеп Таип Ердоган.

Посочуваат дека нивната реакција воедно е и реакција на турската етничка заедница во Македонија бидејќи Сојузот на турски невладини организации на Македонија. Сојузот е основан во 2003 година и го сочинуваат 67 невладини организации и преку 11.000 члаенови, а имајќи ги предвид и нивните семејства претставува популација од околу 55.000 граѓани на Република Македонија.

Според Сојузот, многу јасна е причината за организираните протести ако се има предвид фактот дека тие се организираат во период кога во Турција се стави крај на долгогодишната борба против тероризмот, кога Турција го отплати долгот кон ММФ и дури дојде во состојба да му понуди кредит на ММФ. Факт е, сметаат тие, дека ваквиот динамичен развој на Турција и нејзината клучна улога во светската економија и политика вознемирува одредените групи кои се против благосостојба на муслиманската заедница.

– Остро ги осудуваме овие протести кои им наштетија на културното наследство, џамиите, трговците и во кои беа нападнати полициските сили на Република Турција бидејќи ваквите однесувања ни најмалку не се совпаѓаат со нашата традиција и култура, посочуваат од Сојузот и изразуваат поддршка на турската држава и актуелниот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Подобрена e состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода

Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиранo e момчето кое се повреди на одмор во Турција

Со дронови нападнати два турски цивилни брода во Црното Море, има повредени

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето