Сојузот на турски невладини организации реагира до Заев затоа што во новата влада ќе нема министер Турчин

Од:

„Фактот дека ниту еден турски министер не е вклучен во списокот со предлози на имињата на министрите кои ќе учествуваат во кабинетот што го објавивте како резултат на преговорите со другите партии по добивањето овластување за формирање влада од страна на претседателот Стево Пендаровски, на крајот на проблематичниот политички процес по предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година, длабоко го растажи турското општество што живее во Северна Македонија,“ му пишува претседателот на Сојузот на турски невладини организации во Македонија, Хусрев Емин, на мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, во отворено писмо.

„Фактот дека Турците не се застапени на министерско ниво во владата на оваа мултирелигиозна, мултикултурна и мултиетничка земја предизвикува појава на чувства на исклученост и дискриминација кај Турската заедница во Р. Северна Македонија. Како што би процениле и Вие, Турците во Р. Северна Македонија имаат силна врска со оваа земја и се еден од најважните основни елементи на оваа држава. Затоа, турското општество отсекогаш придонесувало за економски развој на земјата, јакнење на социјалната структура, збогатување на културата и обезбедување стабилност и духот на единство што им требаше на државата и нацијата во критичните периоди.

Покрај тоа, при преземањето екстремно вредни чекори на меѓународната сцена, како што се членството во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, кои се од големо значење за Северна Македонија, Турците кои живеат во ова земја не се двоумеа да направат најдобро и вистинско нешто за нашата земја.

Во период кога стануваме членка на НАТО и се приближуваме кон членството во ЕУ, нашата земја се очекува да ги прифати вредностите на овој сојуз и унија, како и да ги исполни условите за членство. Сепак, фактот дека на Турците не им биле дадени своите уставни права на потребното ниво за време на процесот на членство во ЕУ на нашата земја и дека турскиот министер нема да биде во идната влада, создава длабока загриженост дека ситуацијата ќе се влоши.

Ова несомнено ќе ја засени позитивната атмосфера на членството во НАТО и процесот на членство во ЕУ. Покрај тоа, додека проектот ЕДНО ОПШТЕСТВО кој претходно беше инициран од Владата на СДСМ, насочен кон заедничка иднина наместо етнички тензии и поставен како цел во процесот на пристапување во ЕУ, се очекува да биде гласот на малцинствата, денес изработи политика што ги исклучува Турците и другите немнозински етнички заедници во кабинетот, откривајќи голема криза на искреност.

Почитуван Заев,
Овој став му наштети на духот на принципот на „правична застапеност“ во Охридскиот рамковен договор, кој гарантира политичка стабилност во Северна Македонија на правна основа. Фактот дека и Турците и сите други немнозински
етнички заедници, кои не се вклучени во владиниот список на владата, се подложени на неправда и всушност ова открива голема противречност. Во пресрет на членството во ЕУ, Турците се соочија со овој став што ги исклучува сите немнозински етнички заедници, додека чекаа тенденција да ги добијат своите права и да имаат поголема демократија.

За прв пат на Турците во Р. Северна Македонија, кои отсекогаш ја преземаа улогата „мост„ и секогаш имаат конструктивна улога во односите помеѓу Република Северна Македонија и Република турција, која е првата земја што ја призна независноста на Република Македонија. Оваа тема не треба да стане предмет на агенда во билатералните односи помеѓу Р. Северна Македонија и Република Турција која отсекогаш се грижи за своите сонародници низ целиот свет. Турците кои живеат во Р.Северна Македонија претпочитаат да бидат фактор што развива и ги интензивира врските помеѓу овие две земји, а не проблем што го успорува секое прашање на односите Турција – Р. С. Македонија.

Ние како Сојуз на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, најголема, најорганизирана и најинклузивна институција на Турската заедница од областа на граѓанското општество, Се надеваме дека ќе ја разгледате оваа одлука пред да формирате влада, да ги земете предвид нашите чувствителности и грижи што ги
споменавме погоре и да преземете соодветни активности за релевантните прашања,“ пишува Хусрев Емин во отвореното писмо до Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски