Сојузот на дијабетичари на средба во Штип

Од:

Надмината е може да се рече кризата со инсулин, но поради тоа што секоја година се зголемува бројот на дијабитичари мора и да се зголемат и средствата, кои се издвојуваат од буџетот за овие пациенти, ова е еден од заклучоците на членовите на Сојузот на дијабитичари, кои денеска имаа состанок во Штип.

Фаик Јамаковски од Здружението на дијабетичари во Општина Штип вели дека во сојузот членуваат 25 здруженија од земјава, а барањата кои денеска ги изготвиле ќе ги достават до ресорното министерство. Тој забележува дека од државниот буџет се издвојуваат 10 милиони евра на годишно ниво, но според нив оваа сума треба да се зголеми за 10 отсто.

– Ние сметаме дека државата не треба да штеди на дијабетичарите. Затоа што ако се штеди на дијабетисот ќе се изгуби на лекувањето на пациентите. Според нашето мислење подобро е да се превенира, за да нема последици, како што се срцеви удари, дијабетско стопало, бубрежни заболувања. Второ да има редовно снабдување со лекарства не само на инсулин, туку и за оние кои се на таблетарна терапија, вели Јамаковски.

Тој забележува дека членовите на Сојузот на дијабетичари бараат и да се набаваат и посовремени терапии, односно како шшто вели во светот постојат подобри, поквалитетни инсулини, потоа квалитетни мерачи на шеќерот во крвта, квалитетни сензори за децата и да се набават автомаски апарати за дозирање на инсулин за децата.Членовите на Сојузот на дијабетичари забележуваат дека во земјава нема конкретни податоци колку во земјава има дијабетичари, според нив постојат податоци само колку лица се на инсулинска терапија.

– Во Штип конкретно можам да кажам дека бројката е зголемена во споредба со ланската година за 100, ако имавме 1. 350 сега имаме 1.450. Неофицијално има некаде околу 3.500 лица заболени со дијабетис. Меѓутоа Центарот за јавно здравје не располагаат со податоци, дури оваа година ќе почнат да водат евиденција на лицата заболени од дијабетис, вели Јамаковски.

Тој истакна дека е загрижувачи што дијабетисот се почесто се дијагностицира кај младата популација, најмалиот пациент има само една година. Членовите на 25 здруженија денеска имаа и работилница, на кој што предавач беше Марина Анчевска, која 15 години работела во Холандија, а сега ги пренесува искуствата и знаењето на Сојузот на дијабетичари.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“