Сојуз на здруженија на дијабетичари: На Очната клиника да продолжи лекувањето со „Аflibercept“ на пациентите со ретинопатија

Од:

Пациентите со дијабетес и сите други пациенти кои имаат ретинопатија бараат на Клиниката за очни болести да продолжи лекувањето со терапијата „Аflibercept“ на нивните компликации по видот.

Во барањето упатено до министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски и Фатон Ахмети, од Сојузот на здруженија на дијабетичари посочуват дека лекувањето со таа терапија на Клиниката било прекинато во март поради Ковид-19, а ризиот од слепило без оваа терапија кај лицата со дијабетес е со многу висок степен на можност.

– Терапијата беше воведена минатата година. Од почетокот на кризата во март не сме во можност да ја примиме оваа терапија на Клиниката за очни болести, а не гледаме ниту можно решение по претворањето на Клиниката во Ковид-центар овие денови. Ако не постои повеќе можност да ја примиме оваа терапијата која го зачувува видот, а за што е неопходно континуирано лекување кои ќе спречат уште поголеми оштетувања на веќе ослабениот вид кој може да прогредира и до слепило, би сакале да прашаме кој е планот за ова? Дали сепак еден дел од Клиниката ќе остане доследна да ни ја аплицира терапијата во очи, како што се аплицира терапија и на други клиники за други болести или пак решение барате во пренасочување на ова лекување во други институции?, прашуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Ниту една друга терапија, нагласуваат, не им била оневозможена во сиот овој период, како оваа, а видот е засегнат кај речиси секој трето лице со дијабетес.

– Секој следен ден без терапија го зголемува повеќекратно ризикот за влошување на видот, па стравот и разочарувањето од можно слепило расте. Не сме сите во можност да ги покриеме трошоците за лекување во приватните институции, доколку истите не ни ги рефундирате. Заради сето наведено, и после речиси деветмесечен прекин на третманот, и неколку дена по одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, чувствуваме дека е вклучен црвен аларм за итно преземање на мерки за да се продолжи со лекување на нашиот засегнат вид. И лицата со дијабетес во нашата земја, заслужуваат најдобро здравје, зачуван вид, посветло утре и успешна борба со слепилото, додаваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот