А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Софтверски донации за поддршка на граѓанскиот сектор

by А1он16/05/2017 - 11:36245
Share0

Граѓански организации од Македонија можат да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари на Microsoft Azure од програмата на Мајкрософт за поддршка на граѓанскиот сектор, што во Македонија и Балканот го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“, преку платформата Теchsoup Balkans.

Добивај вести на вибер

Софтверските донации се на агендата на Денот на Мајкрософт за НВО секторот „Технологијата во облак го помага општеството”, што се одржува денеска на Скопски саем, во организација на „Метаморфозис“ и Мајкрософт.

– Сакаме да ја доближиме технологијата до невладиниот сектор имајќи ја предвид неговата важна улога во општеството. За да им помогнеме да ги олеснат нивните процеси и да бидат попродуктивни во работата преку технологите на Мајкросфт Ofice 365 или Azure им даваме можност за донација за да имаат пристап до технологиите и полесно да ја завршат нивната мисија, изјави Влора Адеми, координатор за образовни програми на Мајкросфт во Македонија.

Како што информира Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, програмата Теchsoup Balkans е достапна три години, но во Македонија ја искористиле околу 100 организации, иако се активни многу повеќе.

– Отворените денови за невладините организации служат да ги промовираат новите технологии и граѓанските организации да дознаат не само за софтверот и останатите достапни технологии, туку да научат како да ги користат, бидејќи најчесто начинот на користење е главната пречка зошто не се осмелуваат да ги имплементираат во нивната работа, додаде Јашари.

graganski organizaciimetamorfozis

Би можело да ве интересира

„Метаморфозис“ реагира на ставовите на ЗНМ и ССНМ: Отпуштената новинарка Мемети не ги известувала шефовите за гостувања во емисии и пишувала за други медиуми

Жарко Настоски05/03/2021 - 20:07

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Катерина Ѓуровски09/12/2020 - 16:39

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:30

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска17/10/2020 - 15:2217/10/2020 - 15:22

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска21/09/2020 - 10:07

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска04/05/2020 - 14:4604/05/2020 - 14:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен