Социјални семејства во Гостивар добија хуманитарна помош за Рамазан

Од:

Социјална помош за семејствата што живеат во тешка економска положба во Гостивар донираа бизнисмени од Катар.

Станува збор за 350 пакети со основни прехранбени производи во вредност од околу 15 илјади долари.

Според гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта, оваа хуманитарна акција е наменета за сиромашните семејства, во време кога верниците од исламска вероисповед го чествуваат светиот месец Рамазан.

slika1

„Бизнисмените од Катар ѝ дадоа доверба на општината и на администрацијата во Гостивар, оваа донација да им се додели на граѓаните на кои им е потребна помош. Така треба и сите наши бизнисмени, без разлика на националноста, кои имаат желба, да донираат. Ние како Општина сме подготвени да ја поделиме на фамилиите што моментално се во лоша економска положба. Вакви примери има во сите држави на Европската Унија и во САД”, изјави гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта.

Тој најави и проект што предвидува изградба на социјални станови во Гостивар, како можна донација на странски бизнисмени.

Г.М.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица