„Социетас Цивилис“: Пратениците во Собрание ретко разменуваат мислења околу законите

Од:

На собраниските седници, пратениците ретко разменуваат мислења и ставови околу законските предлози. Малиот број на реплики и контрареплики по излагањата на пратениците не овозможуваат преку дебата да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи од говорниците со што би се добиле поквалитетни одлуки во прилог на општото добро и јавниот интерес.

Ова се дел од основните наоди во првиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието кој го изведува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.

argumentiGr

– Дебата во Собранието во мониторираниот период се одликуваше со индивидуални говори на пратеници со мала интеракција меѓу учесниците на седниците. Слабата интеракција на седниците која се отсликува во значително помалиот број реплики не овозможува преку јавна дебата да се тестира валидноста и издржаноста на подготвените и изнесените аргументи на пратениците и можноста тие да бидат оспорени или надополнети. Со тоа јавноста е осиромашена од различни гледишта и аргументи кои би придонеле за изработка на поквалитетни одлуки во прилог на општото добро и јавниот интерес – пишува во извештајот.

Според податоците добиени од анализата на говорите на 20 собраниски седници во периодот од 19 јуни до 3 август, пратениците кои земале збор во најголем дел ги аргументирале своите позиции со два и повеќе од два аргументи. Во овој период тие не покажале голем интерес за аргументите изнесени од други пратеници, ниту подготвеност за менување на своите ставовите и позиции поради други подобри аргументи изнесени во текот на дебатите.

diskusijaReplik

На мониторираните седници пратениците само во ретки случаи употребиле послаби форми на недоличен говор што заедно со малиот број на прекини и ограничувања укажува на моментална ниска поларизираност во работата на Собранието во мониторираниот период.

Проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ го водат Институтот за демократија и италијанскиот Институт за Централна, Источна Европа и Балкан и е финансиран од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски