А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сочувство од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за настраданите во Ница

by А1он15/07/2016 - 12:25147
Share0

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до амбасадорката на Република Франција во Република Македонија Лоренс Оер изрази жалење и сочувство до сите повредени и до семејствата на загинатите во вчерашниот терористички напад во францускиот град Ница.

Добивај вести на вибер

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со длабока тага и неверување ја прими веста за грозоморниот и кукавички чин на прославата на францускиот државен празник во Ница, Република Франција. Силно Ве уверуваме дека мислите и молитвите на секој македонски граѓанин во овие тажни мигови се со Франција и францускиот народ, соопштија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

На вакви или слични терористички напади во изминативе неколку години, како што се наведува, не останаа имуни повеќе држави во светот, меѓу кои и Република Македонија. Токму затоа, стои во соопштението, ние како Македонци и граѓани на Република Македонија многу добро го познаваме чувството на огорченост и осуда кон вакви сурови и злосторнички терористички напади.

– Оттука, независно од тоа каде и на кој начин се случуваат вакви напади, тие претставуваат напади врз човештвото и против тоа мора и треба да се бориме заедно. Бидете сигурни дека вакви кукавички терористички напади само го зголемуваат чувството на солидарност и ја зајакнуваат нашата заедничка борба и заложба за победа против ова зло кое сее страв насекаде во светот, не препознавајќи ниту религија ниту националност. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ уште еднаш изразува искрено и длабоко сочувство до семејствата на настраданите и повредените и истовремено во овие тешки мигови за француската држава стои на располагање во секој момент и подава рака за поддршка на народот на Република Франција, се вели во соопштението.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен