Сочувство од Мисијата на ОБСЕ за трагичната сообраќајка во која учествуваше нивно возило

Од:

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет, изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на жителот на Скопје, кој денеска го загуби животот во сообраќајната несреќа во која учествуваше возило кое припаѓа на Мисијата на ОБСЕ.

Мисијата информира дека целосно соработува со полицијата и надлежните органи во истрагата на овој трагичен инцидент.

– Амбасадорот Брет потсети дека персоналот на ОБСЕ е обврзан на професионален однос и почитување на Кодексот на организацијата и кон секој вработен кој ќе го прекрши овој Кодекс, ќе бидат преземени соодветни мерки, информира Мисијата.

Сообраќајната несреќа се случила денеска околу 13.40 часот кај Влае кога џип „хјундаи“ во сопственост на Мисијата на ОБСЕ прегазил 74-годишен скопјанец. Тој бил пренесен во Ургентниот центар каде што лекарите констатирале смрт.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он