Сочувство од Иванов до Кралицата Елизабета по повод терористичкиот напад во Лондон

Од:

Ѓорге Иванов упати сочувство до Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета Втора, по повод терористичкиот напад во Лондон.

– Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Лондон, во кој животот го загубија голем број невини лица и има голем број на повредени. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани, вели Иванов.

Република Македонија, како што посочува Иванов, најостро ги осудува терористичките напади, кои шират страв и од кои никој и никаде не е безбеден, и силно ја поддржува Обединетото Кралство во решителната борба против тероризмот, како предуслов на патот кон мирот, стабилноста и напредокот.

Би можело да ве интересира

Крадец украде Снешко од пред паб во Велика Британија

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Почина британскиот музичар – Крис Риа

А1он

Авион удри во резервоар за гориво на аеродром во Велика Британија

А1он

Воспитувач во градинка во Лондон призна дека со години злоставуваше деца

А1он

ВИДЕО: Британците не разменуваат разузнавачки информации со САД поради нападите врз бродови во Карибите

Катерина Ѓуровски