Претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати телеграма со сочуство до Исламската верска заедница по повод смртта на Хаџи Јакуп ефенди Селимовски, поранешен претседател на ИВЗ и сегашен директор на секторот за образование и наука при таа Заедница во Македонија.
– Хаџи Јакуп ефенди Селимовски, даде значаен придонес во зајакнувањето и афирмацијата на Исламската Верска Заедница на нашиве простори и на присуството на исламските верници во сите полиња на мултиконфесионалниот живот во Македонија. Неговиот одмерен, рационален и секогаш праведен став беше синоним за човекољубие, почитување на другиот, укажувајќи постојано на љубовта кон Севишниот, како најголема добродетел на верникот и на луѓето воопшто кои живеат заедно во едно мултикултурно општество, стои во четитката од претседателката на Комисијата Валентина Божиновска.