Сочуство од Министерот за одбрана Џафери по повод смртта на новинарот Младенов

Од:

Талат Џафери изрази длабоко сочуство до семејството на новинарот Никола Младенов, кој во средата загина во тешка сообраќајна несреќа на влезот на Скопје.

„Во мое лично име, и во име на Министерството за одбрана на Република Македонија, изразувам длабоко сочувство до семејството Младенови по повод трагичната смрт на вашиот сопруг, татко, на еден од најистакнатите новинари во Република Македонија кој со својата новинарска активност даде неизмерна афирмативна вредност во развојот на демократијата и слободниот медиумски збор. Република Македонија изгуби новинар и борец во потрага по вистината која требаше и треба да биде единствен компас во понатамошниот развој на демократијата, мислата, говорот и слободата на граѓанинот. Министерството за одбрана на Република Македонија ја споделува тагата со семејството и ќе го помни по храброста да се бори и изборува за вистината во времиња во кои тие вредности се најзначајни за напредокот на современа Република Македонија”, се вели во писмото со сочувство на министерот Џафери.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата