Собраните пари од Водици во Гостивар донирани во изградбата на манастир

Од:

Организациониот одбор за прослава на Водици во Гостивар парите собрани од доброволните прилози на граѓаните ги донира во изградбата на манастриот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана.

– Фаќањето на крстот е голема среќа и за мене тоа е света работа. Од тие причини, парите со кои ме даруваа моите сограѓани сакав да ги наменам за некоја убава цел. Мислам дека секој што е во можност треба да помогне за неговото довршување, изјави Павел Давидоски, непосредно по уплатата на средствата.

На годинешното, возобновено чествување на празникот Водици по седумдецениска пауза, на Павел појде од рака да го извади светиот крст од водите на Вардар меѓу триесетината гостиварци. Манастирот во населбата Циглана започна да се гради во 2014 година и е првиот православен храм во Гостивар што се гради по повеќе од еден век.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски