Собраниските комисии го одобрија буџетот на Јанева

Од:

Собраниските комисии го прифатија предлог финансискиот план за работа на специјалното јавно обвинителство и одобрија буџет од еден милион евра за работа во последниот квартал од 2015 година. Со оваа одлука од државниот буџет ќе се релоцираат вкупно 63.420.428 денари кои ќе бидат наменети за непречено работење и автономно функционирање на ова Обвинителство.

Предлог одлуката е потпишана од министерот за финансии Зоран Ставревски, а средствата се релоцираат од ставката наменета за резерви. На денешната седница во Собрание оваа одлука ја прифатија собраниската комисија за финансирање и буџет, како и законодавно правната комисија.

Предлог одлуката беше проследена на понатамошна обработка. За неа ќе се произнесат пратениците на пленарна седница, по што одлуката се враќа на собраниските комисии, за потоа пратениците конечно да ја изгласаат.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска