Собраниската седница за интерпелација на Спасовски продолжува вo понеделник

Од:

Продолжението на 39-та седница на Собранието, на чиј дневен ред како последна точка е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е закажано за в понеделник со почеток во 11 часот.

Интерпелацијата за Спасовски е поднесена од пратениците од Алијанса за Албанците и Алтеранатива, Зиадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими и Хусни Исмаили.

Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.

Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги