Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја одобри набавката на оклопни возила од САД

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја разгледа Информација за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во образложението на Информацијата потенцира дека согласно долгорочниот план за развој на одбранбените способности за модернизацијата на Армијата се планира 20 повеќегодишни проекти, што ќе изнесуваат околу 700 милиони евра до 2028 година, а ова е еден од проектите со кои прво се започнува од 2019 година.

– Сметавме дека е најсоодветно да го направиме првиот договор со Владата на САД што е досега и најголем донатор и вложувач во капацитетие на Армијата. Овој договор го потпишавме минатата година, согласно законот рефериравме пред Комисијата, меѓутоа бидејќи дговорот се реализира според американски правила, практично ние секоја година ќе доаѓаме со оваа информација пред вас и секоја година еден дел од набавката што се покрива со буџетските средства ќе биде реферирана пред Комисијата, рече Шекеринска.

Додаде дека од сопствените буџетски средства обезбедени се пари и од американските програми за поддршка на ваквите модернизации. На почетокот, информира Шекеринска, таквите средства биле 36 милиони американски долари, а сега ќе бидат над 50 милиони амрикански долари, што ќе овозможи со помалку наши пари да се обезбеди поголема набавка.

– Ако минатата година ги обезбедивме основните 33 возила, а ќе одиме до 152, оваа година го финансираме нивното опремување, со вооружување и со заштита, со средства за обука и рзлични елемнти неопходни за да функционира лесната пешадиска борбена група, појасни министерката за одбрана Шекеринска.

Комисијата заклучи дека се прифатливи и може да се дадат на понатамошно читање и Предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, на Законот за прометот на експлозивни материи и на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд