Собраниската комисија расправаше за образовната нацрт-концепција на МОН

Од:

На денешната седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на страна од дневниот ред, процедурално се дебатираше и за најавената расправа за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образование.

На седницата, од опозицијата побараа одржување на јавна расправа за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образование, додека, пак, од власта посочија дека истата е предвидена и ќе се одржи наскоро.

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ изјави дека е легитимно барањето да се одржи јавната расправа и посочи дека околу истата веќе секојдневно се вршат состаноци, работни средби помеѓу институциите во нашата држава, експерти и граѓански организации.

– Верувам дека на крајот концепцијата ќе биде таква каква што ќе го овозможи унапредувањето на образованието и знаењето на нашите деца, на учениците во нашата држава, изјави Рамчиловиќ во своето излагање.

Од опозицијата, пак, пратеничката Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ, изрази недоверба во уверувањата дека ќе има јавна расправа поради досегашните, како што посочи таа, неисполнети ветувања на Министерката за образование, Мила Царовска.

– Самата министерка нè убеди дека ќе биде транспарентна и ќе обезбеди широк појас на консултации со засегнати институции, поединци, други правни субјекти кои што треба да ја имплементираат оваа реформа и стратегијата, треба да ги имлементираат законите, меѓутоа, според делувањето на министерката во моментов, ние гледаме дека таа самата го игнорира тоа што самата го најави, образложи Стојкова Серафимовска.

Во таа насока, пратеничката Стојкова Серафимовска посочи дека министерката не се гледа со институции туку се гледа со поединци за кои смета дека ќе дадат позитивна оценка на нејзините реформи.

На дневниот ред на денешната шеста седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која сè уште трае, се Предлог законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и Предлог законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, и двата во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада