Собраниска седница за Буџетот за идната година на 16. октомври

Од:

Седницата на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе расправаат за Буџетот за 2014 година ќе биде закажана за 16. октомври, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на македонското Собрание Трајко Велјаноски.

– Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, на денешната редовна координација ја утврди динамиката на активностите на Собранието за следниот период, при што се одлучи за Буџетот на Република Македонија за 2015 година да се расправа на нова пленарна седница која претседателот ќе ја свика за 16 октомври во 12 часот, се вели во соопштението.

Во него се додава дека дневиот ред на оваа седница ќе биде дополнет со Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година, откако официјално ќе му биде предаден на претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски