Собраниска делегација на сесија на ПС на Советот на Европа

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на третиот дел на редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што ќе се одржи од 24 до 28 јуни 2013 година во Стразбур.

Во состав на делегацијата се пратениците Александар Николоски, Игор Ивановски, Ермира Мехмети Деваја, Александар Спасеновски и Имер Алиу.

На оваа сесија ќе бидат разгледани повеќе прашања и извештаи, меѓу кои и Предлог-извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, предлогот да се отвори мониторинг постапка со Унгарија, предлог-протоколот бр.16 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, поделба на политичката и кривичната одговорност, ситуацијата на Блискиот Исток, евалуација на партнерството со Мароко, корупцијата како закана за владеење на правото, еднаков пристап кон здравствена заштита, дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и други прашања.

На јунската сесија се очекува на парламентарците да им се обрати Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент и Едвард Налбандан, министер за надворешни работи на Ерменија, копретседавач со Комитетот на министрите на СЕ. Во текот на сесијата ќе се врши избор на судии за Европскиот суд за човекови права од Исланд, Литванија и Словачката Република.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски