Собраниска делегација на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ во Будва

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од пратеничката Ана Павловска Данева присуствува на Есенското заседание на Парламентарното  собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што од 13 до 15 октомври се одржува во Будва, Црна Гора.

Во делегацијата се и пратениците Беким Фазлиу и Владимир Ѓорчев, кој се обрати на третата сесија на парламетарната конференција, посветена на интеграцијата на општествата со различности.

Во своето обраќање, како што информира Собраниската прес-служба, Ѓорчев нагласи дека во 21. век сите општества се општества на различности, додавајќи дека Република Македонија е земја во која во целост се почитуваат правата базирани на темелните документи на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни институции. Воедно, додаде, дека во поголем број на земји не се почитуваат таквите права, вклучувајќи ги и правата на македонското малцинство во повеќе држави.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска