Мицевски: Време е Спасовски да ја напушти функцијата, многу пати досега докажа дека нема капацитет да ја води

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 86-тата седница расправа по поднесената интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека интерпелацијата е поднесена бидејќи сметаат дека крајно време е овој министер да ја напушти функцијата за која, како што рече, многу пати досега докажа дека нема капацитет да ја води.

-Министерот Оливер Спасовски безброј пати досега потфрли со своето несовесно и нестручно работење како министер за внатрешни работи. МВР е институција што е еден од главните столбови на нашето општество, односно е клучно кога се работи за безбедноста и сигурноста на граѓаните и нивните интереси, наместо тоа од досегашното работење на ова министерство, на чело со Спасовски, е пример за неодговорност, нестручност и класична партизација на целокупното Минстерство, рече Мицевски.

Тој додаде дека за само две години откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи министерството се соочува со бројни скандали, афери, недоверба од страна на граѓаните, луксузирање со парите на граѓаните, сомнителни тендери, политички хајки кон неистомисленици од власта, нерасчистени убиства, незаконски и партиски вработувања, скандалозни апсења, злоупотреба на држаниот имот, како и злоупотреба на службената положба за потребите на СДСМ и Зоран Заев.

Наведе повеќе примери и рече дека не може да се дозволи функцијата министер за внатрешни работи да ја раководи неодговорна и несериозна личност.

Според него наместо МВР да биде чувар на сигурноста и безбедноста, благодарение на Оливер Спасовски е олицетворение на сојузник на кириминалот и инструментите за казнување политички неистомисленици.

Смета дека Спасовски треба да ја напушти функцијата и да дојде кадарен, способен и одговорен човек, кој успешно ќе се справува со предизвиците.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како неточни ги отфрли наводите од интерпелацијата и рече дека ја гледа како чин во кој ќе може да се разменат фактите и аргументите и ќе се даде можност да се презентира тоа што е направено и да се расчистат дилемите.

-Она што е ставено во интерпелацијата е нешто што е апсолутно лажна вест, нешто на што се темели политиката на оваа парламентарна опозиција, во која се гледа една сериозна неинвентивност, немање идеи, немање понуди, и врз основа на тоа, верувајте ми, личи на интерпелацијата што сме ја поднесувале за работење на министерката што раководеше со МВР, односно МВРО. Интерпелација во која точно ги наведувате сите факти во кои веројатно преку вашето фројдовско размислување се потсетувате на сите злодела и криминали што и ги направивте на оваа држава и врз основа на тоа изнесувате аргументи и факти што се лажна вест, што ја креирате во јавноста, мислејќи дека на тој начин ќе се постигне некаков напредок, рече министерот Спасовски.

Тој потенцира дека МВР го затекнал во исклучително лоша состоја, со нарушен углед и доверба меѓу граѓаните, а такво е затоа што, како што рече, „Ви се случија неколку настани за замајување на јавноста, а при тоа да внесете страв кај граѓаните се со цел да ја зачувате вашата позиција“.

– Ви се случија кумановските настани, и осум загинати полициски службеници, ви се случи најголемиот скандал за прислушување во Македонија, ви се случија настаните од 27 април во кој извршивте терористички упад со цел да ја задржите власта и веројатно Груевски да го прогласите за цар, но сето тоа ви се удир како бумеранг по глава, истакна Спасовски и додаде дека Министерството го затекнал со голем долг во кое немало набавено никаква опрема.

Мојата задача не беше да излегувам и да се жалам пред граѓаните, туку да направам нешто, да ги ставиме во функција сите можни капацитети, да обезбедиме се што е потребно за работата на полициските службеници, а на тој начин да мотивираме дека има поголема безбедност во земјата.

Ги негираше навоидте за тоа како функционира Министерствот и рече дека сега министерството не може во ниту еден момент да стане збор за поддршка на која било од партиските структури.

Тој ги отфрли и наводите дека е зголемен криминалитетот и истакна дека единствено нешто што има зголемување а тоа е кривични дела од економски криминал, зашто, како што рече, нема инститиуција со која сте раководителе и нема набавка што сте ја правеле да не сте украле.

– Така треба да биде, и така и ќе биде. Доколку и сегашните функционери прават било какви незаконски состојби така ќе се покренуваат постапки, истакна министерот.

Ги отфрли наводите за јавните набавки, рече дека има намалување на криминалитетот и зголемен процент на ефикасност за повеќе од 24 проценти, намален број убиства.

-Во делот на убиствата драстично намалени се во 2018 година виза ви сите години претходно од кои нерасчистени има само едно убиство и демантирам на основа на факти дека има повеќе од 10 нерасчистени убиства. Единствено нешто што нема во оваа 1,5 година нема скриено убиство. Нема убиство што се случи и нема организирање шема како што ја правеше ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Јанкулоска во делото на Мартин Нешковски. Се случува се случуа е на показ на јавноста, потенцира Спасовски.

Министерството е најголемиот чувар на законите и Уставот, столбот на безбедноста на граѓани и тоа што постапува МВР и најмногу не ви се допаѓа, рече министерот.

Тој потенцира дека и натаму ќе се апсат криминалци и дека немало упад во објекти на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Има претрес во објекти на лица кои држеа оружје и се закануваа со нарушување на уставниот поредок на земјата и после настаните од 27 април додека ова собрание расправаше за промена на Уставот и за конечно решение на идината на оваа држава, рече минситерот за внатрешни работи.

Отфрли дека не се случува непотизам, но и дека ќе се откријат сите што се со фалсификувани дипломи.

Во обраќањето наведе дека одлика за владеењето на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и за сите потписници на интерпелацијата е криминалот, корупцијата, бандитизмот, упадот во институции и непотизмот.

Собранието расправата по поднесената интерпелација  треба да ja заврши за еден ден, односно најдоцна до 24 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ