ВИДЕО: Собранието не му го одзеде имунитетот на Вељаноски, Џафери ја прекина седницата

Од:

Собранието не му го одзеде имунитетот на експретседател на Собранието, Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Тензичната собраниска седница на чии дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, по скоро два часа беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата беше три пати прекинувана со паузи, првиот пат на барање на Елизабета Канческа -Милеска, координатор на групата осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги поддржаа уставните измени. Таа побара пауза бидејќи дури во 19 часот ја добиле информацијата дека вечерва ќе се одржи седница. Втората пауза ја побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој ги побара стенограмите од репликите, кои си ги искажаа пратениците Антонијо Милошоски и Павле Богоевски.

Собранискиот спикер вториот пат даде пауза од 15 минути, со оглед на тоа што за барањето за притвор, требаше да се донесе одлука до 24 часот. Третиот пат Мицевски бараше дополнителни 45 минути, по што собранискиот спикер ги повика координаторите на пратеничките групи на состанок.

По состанокот на Мицевски кој бараше процедурално му беше даден збор, и до тој момент истече рокот до кога требаше да му биде одземен имунитетот на Вељаноски.

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно во текот на вчерашниот ден по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Експретседателот на Собранието заедно со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски е осомничен во истражната постапка за организирање на „крвавиот четврток”.

Собранието треба да го извести судот за одлуката по што Вељаноски треба да се појави на распит каде судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе има притвор за пратеникот. Обвинителството бара притвор за Вељаноски поради можност од бегство и влијаење врз сведоци во постапката.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски