Иванов до Церар: Собранието не ја зема во предвид волјата на народот

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, соопшти Кабинетот на претседателот.

На средбата, двајцата соговорници разговарале за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји за кои оцениле дека ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.

Во однос на политичките случувања во нашата земја, како што соопшти Кабинетот, македонскиот претседател истакнал дека иако на референдумот народот ја изразил својата суверена волја и недвосмислено не го прифатил Договорот од Преспа, а Собранието тоа не го земало во предвид, при што мнозинството пратеници постапиле спротивно на волјата на народот.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изразил надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.

Соговорниците, во рамки на средбата, размениле мислења и за предизвиците од илегалната миграција, констатирајќи ја потребата досегашната успешна соработка да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата