Собранието не го изгласа Предлог-законот за амнестија

Од:

Предлог-законот за амнестија поднесен од 10.069 избирачи кој предвидува целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик, денеска не доби поддршка од пратениците во Собранието на Република Македонија 

Граѓанската активистка Мери Николова појасни дека амнестијата е иницирана поради потребата од заштита на човековите права во Казнено поправните домови во Македонија. Затворите, рече таа, се пренатрупани и нема основни услови за живот. Нагласи дека ефектот од новиот закон би бил 100.000 затворски денови помалку и смалување на трошоци од 120 милиони денари во Буџетот на Македонија. 

Поддршка на иницијативата даде пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ и побара преку амандманска расправа да се дефинира кој се ќе се амнестира.

Орхан Ибраими од ДПА побара политичарите да ја спроведат амнестијата бидејќи, како што рече, од 2002 година до сега, затворањето го спроведува политичката класа и полицијата.
Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ рече дека потребата за амнестија во Македонија е побарана според условите во Казнено поправните домови, но, додаде дека СДСМ не подржува целосна амнестија односно нема да подржи амнестија на педофили, убијци…

Според Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ политиката, односно пратениците не смеат да одмеруваат казни, како што рече, посебно не пред избори. Апелираше да се разговара за овие прашања, но, да не се даде подршка на овој закон за амнестија.

Предлог-законот предвидуваше да се ослободат од извршување на 40 проценти од изречената казна затвор сите правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик и други Закони на Република Македонија, а кои на денот на влегувањето во сила на овој Закон би се нашле на издржување казна затвор во Република Македонија или уште не започнале со издржување на казна затвор или се наоѓаат на уреден прекин на издржување на казна затвор или, пак, чие преместување на издржување казна затвор е извршено во странство.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања