Собранието на раб на кворум избра комисионери на КХВ

Од:

Собранието на Република Македонија денеска го започна продолжението на 46. седница, откако успеа да собере доволен број пратеници за кворум. Владејачкото мнозинство ги изгласа новите членови на Комисијата за хартии од вредност – Лиле Делиџакова, Кирил Јовановски и Зоран Колев, а беа донесени и измените на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за царинска управа и за градежните производи, како и предлог одлуката за општите акти на Народниот правобранител.

Голем дел од продолжението на 46. седницата мина во забелешки на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за необезбедувањето кворум и создавање услови за гласање на законите за кои претходно веќе беше завршена расправата, како и во процедуралните забелешки на координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Томислв Тунтев и Драган Данев. Тие меѓусебно се обвинуваа за немањето кворум и одговорноста што како пратеници ја имаат пред граѓаните во однос на работата на Парламентот.

Џафери поради немање кворум, најнапред го прекина продолжението на седницата свикувајќи итна координација која требаше да помогне за обезбедување кворум, а откако седницата повторно продолжи предупреди дека од следната седница пратениците кои не се во салата за време на пленарните седници, а се во зградата на Парламентот ќе ги именува јавно, за како што кажа, грѓаните да знаат кои се тие што не доаѓаат на седници.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев одговарајќи на обвинувањата на опозицијата за необезбедување кворум од страна на владејачкото мнозинство, рече дека тактиката на ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија да не влегуваат во сала додека нема обезбедно кворум, не ја намалува нивната одговорност пред граѓаните кои ги гласале.

Сомневајќи се дека во салата има кворум за гласање, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев побара листинг од гласањата за да може да се спореди со потписите за присуство на пратениците.

Џафери го прифати барањето, но нагласи дека во салата има 61 пратеник и дека гласањата се полноважни.

Сосема на почетокот на продолжението на 46. седница во процедурална забелешка пратеникот Ферид Мухиќ изрази личен протест за изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, во врска со односот на претседателот Ѓорге Иванов за договорот за името. Мухиќ рече дека бил иритиран бидејќи, како што наведе, никој не може да држи лекции на претседатели на држави без оглед каков став има и оти со тоа Хан покажал непочитување кон институциите на државата и кон државата Македонија.

Собранието ја продолжи работата по точките од дневен ред на 47. седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште