Собранието ќе расправа за измените на Законот за високото образование

Од:

На дневен ред на денешната седница на Собранието на РМ е Предлог-законот за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка, откако во петокот во Владата беше постигнат договор за одложена примена на измените во постојниот закон, кои пратениците ги изгласаа на 14-ти минатиот месец.

Со новиот предлог се одложува за една година спроведувањето на државниот испит за студентите, а за две години ќе се одложи обврската професорите да објавуваат научни трудови во списанија со импакт-фактор.

Договорот беше постигнат на 6 февруари во Владата на РМ, каде средба со  премиерот Никола Груевски, министерот Абдилаќим Адеми и заменикот Спиро Ристовски имаа делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, предводена од ректорот Велимир Стојковски, кој е и претседател на Интеруниверзитетската конференција. Присуствуваа и претставници на пленумите на студентите и професорите.

На средбата беше договорено во наредниот период заеднички работни групи да ја продолжат дискусијата за подобрување на пакетот реформски закони и донесување нов закон за високото образование.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Почнува новата академска година

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет