Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Димитров и за пратеничката плата на Груевски

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 81-та седница треба да расправа за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа точка пратениците требаше да дебатираат вчера, но поради обврски на министерот Димитров беше одложена за денеска. Иницијаторите на интерпелацијата го обнвинуваат Димитров дека несовесно и неодговорно ја извршува функцијата, како и за лошо водење на дипломатијата на штета на националните и државните интереси, а му забележуваат и за Договорот од Преспа.

На дневе ред на седницата, меѓу другото, е и предлогот на неколкумина пратеници за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Доколку се изгласа предлогот, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски