Собранието ќе одлучува за одземање на имунитетот на Вељановски, за денеска не е закажана седница

Од:

По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељановски поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за“ и четири „против“ што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието откако извештајот од Комисијата ќе биде испратен до претседателот на Парламентот.

За денеска, на веб страницата на Собранието, не е закажана пленарна седница, но се очекува таа да се закаже најдоцна три дена по добивањето на извештајот.

Расправата во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања почна во петокот и до вчера вечерта помина со низа реплики, контрареплики и паузи. Опозицијата обвини дека се работи за политички прогон и предложи колективно на сите да им биде одземен пратеничкиот имунитет, додека парламентарното мнозинство беше со став дека треба да се откријат организаторите на 27 април и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски