Собранието ќе ја продолжи 15. седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија во 12:00 часот ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред, меѓу другите, е Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Северна Македонија, по скратена постапка.

И останатите неколку точки од оваа седница се по скратена постапка и тоа измените и дополнувањата на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, на Законот за студентскиот стандард и дополнувањето на Законот за ученичкиот стандард.

На оваа седница пратениците ќе дебатираат и за Предлог на закон за спречување и заштита од дискриминација(*), кој е во прво читање, како и измените на Законот за заштита на укажувачи, измените и дополнувањата на Законот за судските такси, на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта.

На пленарната седница ќе и претходи седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која на девен ред е Предлог – закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Северна Македонија, по скратена постапка – II читање.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска