Собранието ќе ја почнe расправата за ребалансот на Буџетот

Од:

Собранието денеска, по речиси тринеделна летна пауза, во рамки на 62. седница ја констатира потребата за донесување на измени и дополнување на закони по скратена постапка од повеќе области поради усогласување со веќе донесениот Закон за прекршоци. По редовната едночасовна пауза во 15:30 часот ќе почне расправата за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година, второ читање.

Поради усогласување со Законот за прекршоци, измени и дополнувања по скратена постапка ќе претрпат законите за лизинг, за ревизија, за чек, за меница, за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, за сметководство за буџетите и буџетските корисници, за инвестициски фондови, за задолжница и за задолжително осигурување во сообраќајот.

Од областа на образованието, поради усогласување исто така со Законот за преклршоци се менуваат неколку закони и тоа  Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилоност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, на законите за основно, средно и високо образование, за стручно образование и обука и други.

Со овој закон ќе се усогласуваат и законите за шуми, за ловство, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, управување со отпад, за планински патеки, за заштита на природата, за водите, како и повеќе закони од областа на трудот и социјалната политика, правдата, внатрешни работи и други.

На дневен ред на оваа седница се и дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање, dополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата