Собранието ќе избира директор на ОТА

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да избере директор на Оперативно-техничката агенција-ОТА.

Предлогот Зоран Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.

Собранието денеска треба да го финализира неговиот избор со двотретинско мнозинство.

На дневен ред на 59. седница, која ќе биде последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог на законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство.

Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки.

Седници денеска ќе одржат и Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата и измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, двата во второ читање, и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието