• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Собранието ја продолжува расправата за нацт-амандманите

by А1он02/12/2018 - 09:16220
Share0

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.

Добивај вести на вибер

На почетокот на вчерашната расправа во рамки на 64. седница на Собранието, премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека останува отворен за инклузивен процес, барајќи од сите пратеници да интервенираат во фазата на поднесување амандмани.

Премиерот истакна дека тие ќе бидат инкорпорирани во Уставот само доколку Грција ги изгласа спогодбата и даде поддршка за Протоколот за пристапување во НАТО. Посочи дека оваа и следната година, се клучни за нашите евроинтеграциски процеси и за иднината на државата.

Заев повтори дека во иницијативата за измени на Уставот на РМ согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно, а предложените Нацрт-амандмани се во согласност со меѓународното право и со интересите на РМ и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции. Реплицираше на опозициските пратеници кои изнесоа критики и забелешки за процесот, што според нив е неуставен и ќе се менува името на државата.

Во однос на референдумот, Заев рече дека тој е успешен, но одлуката не е донесена. Според него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ветил дека ќе го помогне овој процес.

Во собраниската расправа, пратениците од владејачките партии и од опозицијата меѓусебно се обвинуваа за тој кој создал поделби во македонското општество, не отстапувајќи од веќе изнесените ставови за и против промена на името со цел членство во ЕУ и во НАТО.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров и порача опозицијата да не ги доведува во заблуда граѓаните во врска со уставните измени. Тој повтори дека повтори дека во одлуката која што ја имаат добиено сите пратеници заедно со нацрт аманданите стои дека амандманите ќе влезат во сила доколку Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО бидат изласани во Грција.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со став дека со промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија ќе има нова држава и нов идентитет. Повторија дека во овој период од владеењето на СДСМ нема резултати, ниту проекти, ниту „животот“ што го ветуваше власта.

Тие наведоа дека со промена на името и на Уставот ќе следи тотално редефинирање на државата. Повторија дека референдумот бил нерегуларен со низа неправилности во гласањето и полнење кутии. Опозициските пратеници го прашаа премиерот што ќе направи Владата доколку во Грција не биде прифатен Договорот од Преспа и дали повторно ќе се пристапи кон уставни измени.

И забележаа на власта дека целиот процес го водела нетранспарентно со невклучување на опозицијата, повторувајќи оти немаат мандат од граѓаните да гласаат за промена на името на државата.

Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека осумтемина пратеници со чија поддршка се отворија измените на Уставот ќе гласааат воздржано за три амандмани, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување.

Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас.

Пред Собранието за време на одржувањето на седницата се одржаа протести против уставните измени, организирани од „Македонија Блокира“.

Граѓаните кои протестираа кажаа нема да заминат до Нова Година и оти се спротивставуваат на неуставното менување на името на државата. На импровизирана бина се менуваат и различни говорници кои испорачуваат различни барања до политичарите.

На 19 октомври Собранието со поддршка од 80 гласови и 39 против, ја започна постапката за пристапување кон уставни измени. Двотретинското мнозинство беше обезбедено со осумте гласови на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив се обвинети во случаи на СЈО и за настаните од 27 април.

sobranieustavni izmeni

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Горан Наумовски17/12/2025 - 19:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен