Собранието ја констатира оставката на Заев од пратеничкото место

Од:

Собранието на Република Северна Македонија попладнево ја констатира оставката од пратеничката функција на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е мандатар за составување на новата влада.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери кажа дека Заев нема да ја образложи оставката и ја прекина седницата се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК кој треба да му издаде уверение за пратеник на следниот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, кој што ќе дојде на местото на Заев. По добивањето на уверението од ДИК, седницата ќе продолжи со верификација на мандатот на новиот пратеник.

Се очекува оставки да поднесат и други пратеници кои треба да заминат на нови функции во извршната власт. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верификувани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги