Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни

Од:

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 25. седница денеска со 61 гласа „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозоцијата.

Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија

Од август кризна состојба во енергетскиот сектор за да се обезбедат средства за грејната сезона

Орце Костов

Владата бара кризната енергетска состојба да трае до јуни идната година

Катерина Ѓуровски

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Катерина Ѓуровски

Од Владата се бара да прогласи кризна состојба

Кризната состојба продолжува до крајот на годинава, опозицијата гласаше против

Жарко Настоски