Собранието го предлага пензионерот Кизов за член на Судскиот совет

Од:

Поранешниот претседател, а потоа член на Советот на јавни обвинители Костадин Кизов, инаку пензионер е награден од Комисијата за избори и именувања која го предложи за член на Судскиот совет.

Правни експерти за Сведок велат дека Кизовски по никој основ не може да биде избран за член на Советот, бидејќи тој е веќе пензиониран. Ова решение е објавено во Службен весник.

Во месец јули, Советот на јавни обвинители, каде што Кизов досега членуваше, донесе решение дека Кизов се разрешува од функцијата поради пензионирање, со што му престанува работниот однос заклучно со 31.08.2016 година.

Кизов, доколку биде избран за член на Судскиот совет, на таа функција може да остане само до 13 август.

Кизов, објави Сведок, е роден на 13 август 1952 година, и со навршени 64 години, според Решението на СЈОРМ, треба да замине во пензија, заедно со повеќе обвинители.

И Законот за Судски совет пропишал дека еден од условите за престанок на мандатот на член на советот е и исполнување на условите за старосна пензија.

sovet

Доколку Собранието го избере Кизов за член на Судскиот совет, ова ќе биде втор пат на флагрантно кршење на законите кога тој е во прашање, бидејќи нему кога беше јавен обвинител во Кичево, но не му беше трансформиран мандатот во траен. Но и покрај тоа со така недефинирана позиција и без статус на обвинител, спротивно на Закон беше избран за член, а потоа и на два пати за претседател на Советот на обвинители.

Советот на обвинители, спротивно на извештајот по барањето за автентично толкување на Законодавно правната комисија, според кој Законот за работни односи е јасен и маж може да бара продолжување на работниот однос до 67 години, одлучи да не ги продолжува мандатите на обвинителите по 64 години како до сега. Според некои од членовите на Советот, обвинителите немале работодавеч кому би ги доставувале барањата за продолжување на работниот однос.
Некои од обвинителите ќе ги обжалат решенијата и ќе поведат судска постапка, тврдејќи дека оваа одлука на Советот значи кршење на Законот..
sovet kizov

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ