Собранието го избра Јован Јосифовски за судија на Уставниот суд

Од:

Собранието на Република Македонија попладнето во рамки на 49. седница го избра Јован Јосифовски за судија на Уставниот суд.

Тој ќе дојде во Уставниот суд на местото на Вера Маркова, чиј мандат истекува во јануари следната година.

Јосифовски, истакнат правник и поранешен член на Државната изборна комисија, доби поддршка од  членовите на собраниската Комисија за избори и именувања на седницата што се одржа на 11. овој месец. Беше предложен од претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Опозициската СДСМ на седницата на Комисијата не му даде поддршка на Јован Јосифовски бидејќи, според нив, се работи за партиски човек кој во ДИК ги застапувал интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието го избра и Курштрим Рамадани за член на Регулаторната комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема