Пратениците сложно изгласаа да продолжи легализацијата на дивоградбите како во времето на Груевски

Од:

Пратениците во Собранието на Северна Република Македонија денеска, по скратена постапка и речиси едногласно, го изгласаа Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со кој практично ќе продолжи легализацијата на диво изградените објекти за симболична цена – процес кој го започна и со години го спроведуваше поранешната влада на Никола Груевски.

Законот го поддржаа и власта и опозицијата, а тој беше донесен со 72 гласа „за“, додека петмина пратеници беа против предлогот. Во деновите пред да се гласа за ова законско решение, кое не беше понудено на јавна дебата, беше усвоен и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – легализацијата да важи и за дивоградбите изградени до денот на стапување во сила на законот, наместо само за оние изградени до октомври 2019-та година, како што стоеше во првичниот предлог.

Пратеничката група на ДОМ не даде поддршка за овој Закон, бидејќи, како што рече во своето излагање пратеничката Маја Морачанин, со продолжување на овие рокови се праќа индиректна порака до граѓаните дека може да градат на диво без да имаат градежна дозвола, а понатаму, во некој момент, ќе им бидат овозможени услови да ги легализираат своите дивоградби.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство. Тој вклучува легализирање на бесправно изградени надградби, гаражи, остави, базени и други објекти. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачја на заштитено недвижно културно наследство.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги