Собранието ги избра новите министри по 12 часа расправа

Од:

Пратениците по 12 часовна жестока расправа ги избраа новите министри – Хисни Исмаили за култура, Насер Нуредини за животна средина, Горан Милевски за локална самоуправа, Трајан Димковски за земјоделство и Садула Дураки кој направи трансфер во новоформираното министерство за политички систем. Пратениците во текот на целиот ден дискутираа и жестоко се расправаа за предложените министри.

Пратениците од владејачкото мнозинство го бранеа предлогот на Заев за владината реконструкција, додека опозицијата критикуваше дека предложените функционери не се соодветни.

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека премиерот направил грешка како мандатар кога најавил голема метла во владата и институциите, со што ги зголемил очекувањата на граѓаните.

Додека Бетијане Китев од СДСМ рече дека пораката на народот од претседателските избори е примена и оти оваа владина реконструкција е одговор на тоа.

На крајот на расправата за избор на новите министри Заев рече дека биле кажани многу невистини од говорницата, промените беа најавени и се случуваат.

„Имаше членови на мојата партија кои се оденесуваат како локални шерифи односно немаат слух за граѓаните. Предложивме промени на 7 луѓе, следуваат промени во заменички места и директори и тн. Убеден сум дека декември имаме шанси да станеме членка на НАТО. Убеден сум дека ќе ги и отвориме поглавјата 23 и 24 до крај на годината. Мојата амбиција да раководам со министерството за финансии не е да потпишувам туку да ги максимизирам моите одговорности кои треба да донесат бенефит за сите граѓани.“, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он