Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ

Од:

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 39. седница денеска го избра Андреј Тасев за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а беа донесени и повеќе одлуки за распишување јавни конкурси меѓу кои и за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.

Пратениците на седницата ги донесоа и одлуките за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и одлуката за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор и за објавување јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Беа усвоени и Законот за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, потоа Програмата за изменување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, како и измените на Законот за данокот на добивка, Предлог на закон за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, сите три во прво читање, кои се даден на натамошна постапка.

Беше усвоен и Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID -19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за управна инспекција, исто по скратена постапка.

За сите закони што денеска беа усвоени гласаа и пратениците од опозицијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави продолжение на работата на Парламентот за утре, а дополнително ќе информира по кои седници ќе се работи.

Претходно пратениците во рамки на продолжението на 30-тата и 34-та седница изгласаа четириесетина закони за кои расправата беше завршена претходно. На 30-та седница не се изгласани само два закона и тоа Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање.

На 39. седница останати точки на дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје по скратена постапка. На дневен ред се и други закони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје