Собрани над четири тони отпад во еко-акција во општина Аеродром

Од:

Собрани над четири тони отпад во рамки на еко-акцијата за собирање електронски и електричен отпад, организирана од општина Аеродром во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

Како што соопшти општина Аеродром, акцијата е спроведена во периодот од ноември 2016 година до март годинава и има за цел да се зачува животната средина и да се заштитат граѓаните од штетното зрачење на опасниот отпад.

Во урбаната заедница Лисиче, како што се наведува во соопштението, се собрани 351 килограм отпад, во урбана заедница Горно Лисиче – запад и север 264 килограми, во урбана заедница Горно Лисиче – југ 1.209 килограми отпад, во урбана заедница Стар Аеродром 93 килиграми, во урбаните заедници Бисер и Јане Сандански 1.140 килограми, во урбаните заедници „Острово“ и „Мичурин“ 248 килограми, во урбана заедница „Ново Лисиче“ 426 килограми и во месна заедница „Долно Лисиче“ 440 килограми.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина