Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Од:

На доброволна крводарителска акција што се спроведе денеска во Кавадарци собрани се 37 крвни единици.

Секретарот во Општинската организација на Црвен крст Кавадарци Розе Илова, информираше дека во акцијата реализирана во просториите на кавадаречката општинска зграда, се вклучиле крводарители од општините Кавадарци и Росоман.

– Акцијата ја реализиравме заедно со екипа од Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје. Годишниот план за дарување крв за општините Кавадарци и Росоман е 1.184 крвни единици, пресметано врз основа на востановената проценка на три проценти од вкупното население, рече Илова.

Таа нагласи дека Кавадарци се наоѓа на врвот на листата на градови, кога е во прашање хуманоста и доброволното дарување на крв.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски