Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Од:

Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно 27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина, која вклучува зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, како и храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош ).

Од Црвен крст напоменаа дека задолжително треба сите донирани артикли да бидат нови.

Би можело да ве интересира

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек на Армијата која учествуваше во спасувачката мисија во Турција

Горан Наумовски

Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Нов силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција

Ана Ололовска

Црвениот крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

Ана Ололовска