Соборот на СПЦ ќе расправа за продолжување на дијалогот со МПЦ

Од:

Владиците на Српската православна црква на Светиот архиерејски собор што денеска почнува во Студеница, а продолжува утре во Белград, треба да расправааат и за евентуалното продолжување на дијалогот со Македонската православна црква.

Како што пренесува Танјуг, на дневен ред најверојатно ќе се најде писмото што Синодот на МПЦ го упати до СПЦ за обновување на прекинатите преговори за надминување на меѓусебните несогласувања.

Според црковни извори, проблем во меѓусебната комуникација се условите што ги поставуваат двете страни, кои, како што се оценува, треба да се спуштат за да дојде до продолжување на дијалогот.

Високи претставници на СПЦ во повеќе наврати изјавуваа дека услов за продолжување на преговорите со МПЦ е ослободувањето на Јован Вранишковски, кој во Македонија издржува казна затвор за финансиска проневера.

Неодамна двајца митроплити на МПЦ Тимотеј и Пимен се изјаснија дека немаат ништо против Вранишковски да биде помилуван и ослободен ако тоа помогне за продолжување на дијалогот со Српската црква.

Синодот на МПЦ вчера одржа седница на која, како што беше објавено, не бил донесен никаков заклучок во однос на Вранишковски.

Македонските владици очекуваат конкретен чекор од СПЦ за продолжување на дијалогот за отвореното црковно прашање. Синодот на МПЦ минатиот месец испрати писма до вселенскиот патријарх Вартоломеј, до српскиот Иринеј и рускиот Кирил во кои се изразува желба за продолжување на преговорите и за поместување на состојбата во однос на статусот на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите