Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Од:

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје денеска се одржа протестен марш на ветераните и поддржувачите на ОВК. Учесниците искажаа поддршка и побараа правда за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг.

Покрај лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се обрати пред присутните, како и раководството на оваа партија, меѓу учесниците на протестот беше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците.

– ОВК не беше криминална организација, туку се бореше за правата и за еднаквост на Албанците. За време на конфликтот се почитуваа сите меѓународни конвенции. Не е точно тоа што е наведено во обвинението за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. Испраќаме порака до сите меѓународни фактори дека треба да има правда за овие луѓе, беше речено на протестниот марш.

Додека траеја обраќањата, учесниците на протестот скандираа во знак на поддршка на ОВК. Се вееја знамиња на Албанија, Косово и САД, а дел од присутните носеа и фотографии од обвинетите.

Протестот помина мирно, но можеше да се забележи бројно полициско обезбедување.

Премиерот Христијан Мицкоски пред три дена изјави дека Владата не го поддржува маршот на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје, како и дека е формиран кризен штаб кој ќе ги следи случувањата поврзани со настанот.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он