Собир на МАНУ на тема „Сто години од Балканските војни“

Од:

Македонската академија на науките и уметностите денеска и утре организира научен собир на тема „Сто години од Балканските војни“.

Собирот, кој денеска ќе се одвива во три сесии, ќе го отвори претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски, кој ќе говори на тема „Од Балкански војни-до балкански мир:македонски аспекти“.

Модератори на првата сесија се академик Блаже Ристовски и професорот Владо Поповски. Ристовски ќе се осврне на темата „Македонскиот фактор пред и во времето на Балканските војни“, а Поповски ќе дискутира за „Поразот на идејата за Македонија во Балканските војни-причини и фактори“. Во работниот дел на првата сесија ќе учествуваат и академик Иван Катарџиев и професорите од Институтот за национална историја и од Филозофскиот факултет, Симо Младеновски и Ванчо Ѓорѓиев.

Втората сесија, на која модератори ќе бидат професорите Валентина Миронска Христовска од Институтот за македонска литература и Александар Трајановски од Институтот за национална историја, ќе ги опфати темите „Македонското прашање од 19.век и Балканските војни“, „Учеството на македонските доброволци во Бугарската армија во Балканските војни“…

Третата сесија денеска ќе ја модерираат професорите од Институтот за национална историја и од Филозофскиот факултет, Марија Пандевска и Далибор Јовановски.

Собирот за „Сто години од Балканските војни“ ќе продолжи утре со две сесии.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска