Група граѓани попладнево се собраа пред Владата, изразувајќи револт против мерките и вакцинацијата против Ковид-19.
„Имунитет со витамини, не со вакцини“, „Каде исчезна грипот“, „Мое тело мој избор“, беа дел од транспарентите што ги носеа присутните.
„Ако не се социјалните мрежи, ништо нема да знаеме, бидејќи од медиумите ништо не дознаваме. Ние сите сме вакцинирани како мали, ние не сме против вакцини. Но, ова не се вакцини, ова е отров, луѓе изумреа поради нив. Фактот на нештата е народот да го нема“, изјави една од говорничките на собирот организиран преку социјалните мрежи.