Со закон ќе се ограничи цената на лекувањето од Ковид-19 во приватните клиники за време на кризата

Од:

Министерството за здравство ќе предложи изменa на Законот за здравствена заштита со која ќе се ограничи цената на лекувањето на болните од Ковид – 19 во приватните клиники. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека предлог – измената на Законот за здравствена заштита утре ќе ја достави до Владата.

„Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризната или вонредна состојба, а се однесува конкретно на лекување ковид – пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза, има потреба да се користи и тој болнички капацитет“, рече министерот Филипче.

Минатата недела, на барање на министерот Филипче, цените за лекување пациенти болни од Ковид – 19 за десет отсто ги намали Клиниката „Жан Митрев“ и формираше посебни пакети со намалени цени. Клиниката „Аџибадем Систина“ каде што исто така се лекуваат ковид-пациенти, се изјасни дека намалување на цените за нив нема економска логика.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска