Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка.

Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот претседател Румен Радев“ и неговата изјава дека единствен услов бил само промена на Уставот и вклучување на македонски граѓани кои се изјаснуваат како припадници на бугарската заедница.

-Затоа јас реков – во ред, ако е само тој услов, еве, пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарските европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно, како соседи, ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик. А потоа, во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои се однесуваат на човековите права што им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира конечно „ОМО Илинден Пирин’, за да може „ОМО Илинден Пирин“ да предложи свој претставник во Министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија. Еве, заедно ова да го направиме, како добри соседи. Ние нашата обврска, тие нивната обврска, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово.

Според премиерот, тоа е начинот „да покажеме што значи добри соседи и што значи да се поддржуваме“.

Додаде дека тоа „впрочем е дел и од Договорот за добрососедство потпишан од Заев и Борисов во август 2017 година“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија