Со заедничка еко акција нуркачите од Македонија и Грција го одбележаа Денот на водите

Од:

Со подводна еколошка акција членовите на спелеонуркачкиот клуб Врело го одбележаа Светскиот ден на водите 2013. На овој несекојдневен настан, како своевиден одговор на урбаните предизвици, беше собрано големо количество смет од Дојранското езеро.

Под слоганот Вода насекаде, само ако ја делиме, Светскиот ден на водите оваа година е во знак на воспоставување на добрососедски односи помеѓу државите кои ги соединува водена површина- реки, езера и мориња. Со тенденција водата да биде фактор за соедниување, а не за разединување и конфликт, домашните нуркачи во соработка со нуркачи од соседна Грција уште еднаш укажаа на проблемот.

– Денес е светски ден на водите и затоа размислете колку е таа важна и колку допринесува за духовното и физичкото здравје на човекот. Со оваа еколошка акција сакаме да ги поттикнеме младите на активен и позитивен однос спрема животната средина и природата, а вoедно и сакаме да покажеме дека само заедно, сплотени, сите соседи може да влијаеме на овој глобален проблем. Нашето право на вода нужно бара и наше поголемо ангажирање и обврска со цел да го сочуваме овој ресурс за идните генерации – вели Киро Ангелески, претседател на Врело.

Денот на водата се одбележува секоја година со цел да се укаже на значението на водните ресурси и потребата за квалитетно менаџирање на истите тие ресурси.

– Квалитетот на подземните води ширум светот постојано опаѓа. Овој тренд со модерното живеење се распространува и кај нас, а причина за тоа се големиот број на загадувачи.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска